Динамо Загреб конечно заигра шампионски славејќи со убедливи 1-5 на гостувањето против Славен Белупо, дуел што беше увертира за хрватскиот првак пред реваншот од квалификациите за ЛШ против Шкупи.
Македонскиот првак приреди сензација ремизирајќи 2-2 на „Максимир“, но тренерот на Динамо, Анте Чачиќ, е оптимист дека неговиот тим ќе успее да слави на реваншот во Скопје во вторник и да се пласира во следната квалификациска рунда.
„Дадовме пет гола, а не примивме ниту еден од игра, што сигурно е добра работа. Не беше се перфектно, правевме и грешки, но верувам дека сме на вистински пат. Пред нас сега е Шкупи, ривал што многу подобро го знаеме отколку пред првиот меч и многу поподготвени ќе влеземе во реваншот. Веќе реков, убеден сум дека кога се играат два натпревари дома-гости, севкупниот резултат секогаш е во корист на поквалитетната екипа. Нема дилема дека ние сме поквалитетни, затоа верувам дека ќе славиме во Скопје и ќе одиме понатаму“, изјави Чачиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА