Ракометарите на Охрид максимално активно ги стартуваа подготовките за новата сезона, заокружувајќи ја екипата и со неколку засилувања кои треба да донесат свежина за тимот.
Засилувањето за охриѓани Игор Чагаљ е задоволен од тоа како е примен во екипата, верувајќи дека тимот ќе има успешна сезона реализирајќи ги сопствените цели и амбиции.
„Фазата на запознавање помина и можам да заклучам дека првите импресии се одлични. Момците се перфектни, а екипата е маестрална. Како што ги запознавам луѓето во клубот и околу, така и шетам по градот кој ме импресионира. Очекувањата мои и од клубот се поклопија уште во преговорите и затоа сум тука. Очекувам успешна сезона, но прво да одработиме добри подготовки“ – ни изјави Чагаљ по првите денови тренинг со охриѓани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА