Кошаркарите на Чаир 2030 година дојдоа до третиот триумф во четвртото коло од кошаркарската Прва лига со 100-76. Речиси во целиот тек на мечот беа во предност. Само првата четвртина ја добија минимално со 20-19, а следните две убедливо, после кои немаше враќање за гостите.
Вториот период чаирчани го добија со 31-18, а третиот со 31-20, со што се стекнаа со предност од 25 разлика. Кога се беше готово, Вардар го доби последниот период со 18-19.
Диванте-Морис со 19 поени беше најефикасен на средбата. Покрај тоа забележа пет скока и шест асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА