Чаир 2030 им одржа лекција на „академиците“ во борбата за опстанок

Чаир 2030 стигна до значајна победа во Првата кошаркарска лига откако во 21. коло славеше на домашен терен со 72-60 против еден од директните конкуренти за опстанок – Академија ФМП. Чаирчани беа подобриот противник во најголемиот дел од натпреварот и сосема заслужено ја запишаа победата број шест која може да биде клучна во борбата за опстанок.

По изедначеното отварање на натпреварот Чаир 2030 со серијата на Роби од осум поени едно по друго ја превзема иницијативата на своја страна и не ја испушти. Избраниците на Рамадан во втората четвртина стигнаа и до двоцифрена предност (31-21), a до крајот на натпреварот умешно одолеваа на налетите на Академија ФМП. Гостите на отварањето на второто полувреме успеаа да ја преполоват негативата (39-34), но сепак во последните десет минути чаирчани влегоа со позитива од 57-41, во нив стигнаа и до највисоките +22 (67-45) и немаа проблем да ја задржат за значајни два бода.

Со 19 поени и 9 скока лидер на Чаир 2030 беше Мустафица, а него го следеа Александровски и Роби со по 17 поени. 12 поени за Академија ФМП постигна Смит, 11 Настовски, а 10 Василевски.

Се вчитува...