Екипата на Чаир беше подобар од Маџари во рамките од осмото коло во Првата кошаркарска лига. Со тоа Чаирчани ја запишаа втората победа, а Маџари петтиот пораз во првенството, и ја прекина серијата од три победи по ред.
Маџари замина на полувреме со предност од два поени разлика, но Чаир со одличната трета четвртина успеа да ја анулира предноста. Последната четвртина беше „вртелешка“, односно двата тима се менуваа во водството. Маџари имаше предност од 76-78, но потоа пет поени за домашните за конечен триумф.
Кај Чаир најефикасаен беше со 22 поени, додека кај Маџари Грин постигна 23. Хот се истакна кај Маџари кој покрај 16 поени, запиша и 11 скока.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

