Екипата на Чаир стигна до победа над Феникс со 85-82, во интересен и до крај неизвесен натпревар во кој и едниот и другиот тим имаа шанса да победат, а ја искористија домашните за да стигнат до триумфот.
Клучни беа последните минути кога Феникс успеа да стигне до „егал“ на двапати, и покрај тоа што имаа негатива во поголемиот дел од мечот. Феникс стигна до 82-82, а потоа следуваа кош и дополнително слободно фрлање за домашните, кое го реализираа за +3.
Феникс го имаше последниот напад, но не успеа да погоди за три поени, што на крајот придонесе за домашна радост и триумф на чаирчани.
Најефикасен беше Диванте-Мурис кој реализираше 32 поени, и токму тој го погоди клучното слободно фрлање за триумф. Кај Феникс Бертранд беше најефикасен со 20 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА