Чаир продолжи со одлични резултати на прволигашката сцена откако скопскиот клуб славеше во пресметката со Академија ФМП со убедливи 103-73, за своја петта победа на последните шест средби. Клучна за убедливиот исход беше последната четвртина што Чаир ја доби со 35-12, за единаесетта победа за Чаир во досегашните 16 рунди од Првата лига, јасен знак за одличната форма во која се наоѓа оваа екипа во пресрет на завршниот турнир од Купот на Македонија.
Гостите од скопска Кисела Вода изненадија со добриот отпор во првите три четвртини од натпреварот. Првите десет минути завршија со 23-17 за Чаир, но ФМП на средина од вториот период успеа и да поведе со 28-29. Гостинските кошаркари парираа се до последниот период, кога Чаир додаде гас и наметна темпо што Академија ФМП не можеше да го следи. Домаќините со тројката на Галовеј поведоа со 73-63, само две минути подоцна веќе беше 80-63 и практично беше решен победникот, по што Чаир рутински го контролираше резултатот се до конечните триесет гола предност.
Роби беше најефикасен во победничкиот тим со 22 поени, додека Мустафица стигна до дабл-дабл од 21 поен и 17 скокови. Брукс со 20 и Нилд со 16 поени беа најдобри стрелци во таборот на Академија ФМП.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА