Кошаркарите на Чаир стигнаа до четвртата победа сезонава откако вечерва на домашен терен славеа против „фенерџијата“ Ангели со 103-79 во последниот меч од денешната програма од 10. коло во Првата лига на Македонија.
Гостите успеваа да се држат во мечот само во првата четвртина која ја загубија со 26-24. Како одминуваше мечот Чаир играше се подобро и на крајот успеа да стигне до нова победа сезонава од 103-79.
Џејлин Билингсли со 27 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените Ален Фордам постигна 17 поени.
Standings provided by Sofascore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

