Чаир до сигурна победа над Гостивар

Кошаркарите на Чаир славеа на домашен терен против Гостивар со 99-86 во последното коло од регуларниот дел од сезоната во Првата лига и со тоа обезбедија пласман во плеј-офот.

Домаќините фуриозно го стартуваа мечот успевајќи да постигнат скоро 30 поени во првиот период и по десет минути веќе да имаат двоцифрена предност од 29-19.

Уште пофокусирани во нападот чаирчани беа во вториот период во кој постигнаа 31 поен, а на пауза меѓу двете полувремиња заминаа со предност од 60-44.

Во вториот дел клубот од скопската населба само рутински го приведе мечот до самиот крај за конечен триумф од 99-86. Ајзаја Кели со 23 поени беше најдобар поединец во таборот на победникот, додека кај поразените недоволни беа 26 поени на Вук Ѓорѓевиќ.

Се вчитува...