Чаир е пеницилин за фаворитите: По Работнички, го реши и Пелистер (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Кошаркарите на Чаир се вистински хит сезонава во Првата лига на Македонија, откако вечерва стигнаа и до шестата победа, откако на домашен терен го зедоа скалпот на фаворизираниот Пелистер, совладувајќи го со 87-80.

Домаќините феноменално напапаѓачки го отворија мечот, а одличната игра доведе до двоцифрена предност по десет минути (25-13). Иако гостите заиграа подобро во вториот период, до полувреме успеаја да намалат само четири поени од негативата, што доведе до тоа чаирчани да заминат со плус осум на пауза (48-40).

Во второто полувреме Чаир со стил го исконтролира натпреварот и на крајот и повеќе од заслужено стигна до нов триумф од 87-80.  Диванте Мофит со 26 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените по шеснаесет постигнаа Магдевски и Мијовиќ.

Се вчитува...