Чаир го испрати Куманово во Втора лига

Куманово и Струмица ќе бидат двата тима кои годинава ќе ја напуштат Првата кошаркарска лига на Македонија. Откако веќе од претходно Струмица беше отпишана, Кумановци со денешниот пораз на домашен терен од Чаир од 72-81 им се приклучија во понизок ранг.

Чаирчани уште од самиот старт тргнаа фуриозно и веќе по десет минути игра имаа предност од осум поени 15-23. Куманово одигра подобро во втората четвртина и на полувреме замина со негатива од само пет поени (36-41).

Како и во првото полувреме така и во второто Чаир во воведната четвртина одигра одлично и ги реши сите дилеми околу победникот. Александровски со 23 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените Марјановиќ заврши со 20 поени.

Се вчитува...