Кошаркарите на Чаир стигнаа до голема победа во борбата за плеј-офот во Првата лига на Македонија откако вечерва славеа на гостувањето кај Гостивар со 76-81 во натпревар од 18. коло.
Чаирчани подобро го отворија натпреварот и веќе на полувреме имаа двоцифрена предност 30-44. Домаќините прекасно се разбудија и иако успеаја да постигнат дури 30 поени во последната четвртина, немаа сила да направат целосен пресврт, а гостинот стигна до конечен триумф од 76-81. Билингсли со 19 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените недоволни беа 27 поени на Младеновиќ.
Тиквеш без проблеми славеше против фенерџијата Ангели со 114-90. Кавадарчани во текот на целиот меч го контролираа резултатот и во ниту еден момент не му дозволија на аутсајдерот да се понадева на поволен резултат. Хокинс со 24 поени беше најефикасен кај победникот, додека кај поразените Хоуг постигна 25 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

