Чаир го прегази и ТФТ во кошаркарскиот шампионат

Кошаркарите на Чаир продолжуваат да бидат хит во домашниот шампионат сезонава, откако вечерва стигнаа и до деветтата победа овојпат на домашен терен против ТФТ со убедливи 81-63 во меч од 13. коло.

Натпреварот кој поради технички проблеми доцнеше 20-тина минути, домаќините го отворија фуриозно со голем број погодени шутеви и предност од 28-19 по првата четвртина. До полувремето тие само ја зголемуваа својата предност, а на паузата меѓу двете полувремиња заминаа со највисоките 57-33. Во второто полувреме чаирачни само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечни 81-63.

Диванте Морис Мофит повторно беше најдобар поединец во таборот на Чаир, завршувајќи го натпреварот со 34 поени. Кај поразените Наумоски и Зафиров завршија со по 11 поени.

Се вчитува...