Кошаркарите на Чаир стигнаа до голема победа на гостувањето кај ФМП Академија со 84-91 во последниот натпревар од денешната понуда во кошаркарскиот шампионат на Македонија.
Откако поради инциндентот во салата „Шабан Трстена“ во Чаир минатата недела службено го загубија натпреварот против Работнички, овојпат чаирчани одлично одиграа на гостувањето во Кисела Вода и стигнаа до голем триумф во борбата за опстанок.
Кај победникот феноменална партија имаше Дарел Френклин кој натпреварот го заврши со 42 поени. Додека кај поразените најефикасен беше Чендлер Џонсон со 17 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

