Ракометарките на Чаир ја оправдаа фаворитската улога против Овче Поле совладувајќи ги со убедливи 46-29 и со тоа обезбеди настап на Ф4 турнирот во женскиот Куп на Македонија.
Најефикасна во победничката екипа беше Бојана Диневска со десет погодоци, осум постигна Ангела Костовиќ. Кај поразените недоволни беа 13 гола на Јована Конева.
Куп на Македонија (ЖЕНИ)
група 1
Куманово – Металург Автокоманда 21-20
група 2
Чаир – Овче Поле СУ 46-29
група 3
Вардар – Деспина 30-21
група 4
Пелистер – Ѓорче Петров
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА