Чаир лесно против Тиквеш

Кошаркарите на Чаир стигнаа до нова победа во домашниот шампионат откако вечерва на домашен терен славеа против Тиквеш со 79-70 во меч од 8. коло во Првата македонска кошаркарска лига.

Чаирчани фуриозно го почнаа мечот и веќе по десет минути игра имаа двоцифрена предност од 26-12. До крајот на првото полувреме разликата само се зголемуваше, а на пауза домаќините имаа предност од плус дваесет 45-25.

Во вториот дел гостите успеаја само да го ублажат поразот за конечни 79-70. Дејвид Ролинс со 20 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените Томас Квери постигна 24 поени.

Се вчитува...