Чаир со изненадувачка „лекција“ за Феникс

Кошаркарите на Феникс не ја оправдаа фаворитската улога во пресметката со Чаир пред своите навивачи во 9. коло од Првата македонска кошаркарска лига.

Чаирчани сосема заслужено дојдоа до победа на гостувањето против Феникс со 71-81, во натпревар во кој пресуди првата четвртина која ја добија кошаркарите на Чаир со 15-24.

Потоа во континуитет ја одржуваа предноста, не дозволувајќи на Феникс во ниту еден момент да ја загрози победата и покрај постојаните обиди.

Билингсли со „дабл-дабл“ од 22 поени и 12 скока беше најдобриот поединец во победата на Чаир, Четмен заврши со 18 поени, а по 18 поени постигнаа Реџа и Стардиван. Кај домашните се издвоија Ниах и Рахама со 16 поени.

Се вчитува...