Чаир со нова победа се пласираше во 3. коло во Европскиот Куп

Ракометарките на Чаир остана и натаму активна на меѓународната сцена во Европскиот Куп откако вечерва ја совладаа екипата на Керженг и на реваншот, и така обезбедија пласман во 3. коло.

После победата на гости од 28-26, вечерва чаирчанки славеа со 32-26. И покрај тоа што имаа проблеми само на стартот, брзо ја презедоа контролата и дојдоа до предност која ја одржуваа се до крајот на мечот.

Најдобри стрелци за Чаир беа Гулицоска со осум голови. Своја вечер имаа и голманките Митровиќ и Којовиќ кои интервенираа по 15 пати.

Чаир во вторник ќе го дознае ривалот за третото коло.

Се вчитува...