Ракометарките на Чаир се поразени од Милотест Ајдовшчина со 27-24 во првиот меч од ЕХФ Европскиот Куп. Ова беше меч во рамките од второто коло, па на домашен терен чаирчанки ќе бркаат негатива од три гола за пласман во третото коло.
Чаирчанки имаа негатива од шест гола на пауза 17-11, меѓутоа успеаја да дојдат до минус два во финишот, но примија гол во последната секунда и загубија со три гола разлика.
Овој резултат е последица и од три промашени пенали од седум обиди, потоа неколку зицери.
Реваншот е на програмата следната сабота во СЦ Јане Сандански во 19 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

