Ова е сезона во ПФМЛ на екипата на Шкупи. Избраниците на Гоце Седлоски покажаа најмногу, и апсолутно заслужено ќе се закитат со шампионскиот трофеј, и идната сезона ќе ја преставуваат Македонија во квалификациите за Лигата на шампионите.
Со денешниот триумф над Ренова од 2-0 обезбеден во финишот од средбата, Чаир повторно го врати стариот шампионски сјај, кога тогашниот тим на Слога Југомагнат „газеше“ низ првенството.
После 21 година, повторно титулата се враќа во Чаир. На доминантен начин заокружена една успешна сезона, а денеска долго до ноќта ќе се слави низ Чаир нова титула, четврта во историјата за екипата на Шкупи (порано Слога Југомагнат).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА