Кошаркарите на Чаир стигнаа до нова победа во домашниот шампионат откако вечерва во „малото скопско дерби“ во 3. коло од Првата лига славеа над екипата на Шкупи со убедливи 98-80.
Домаќините тргнаа фуриозно уште во првиот период по кој веќе имаа двоцифрена предност (27-15). До крајот на мечот оваа разлика само се зголемуваше за конечен триумф на домаќинот од 98-80.
Tejвион Кирк со 26 поени беше најефикасен во таборот на победникот, додека кај поразените Грегори Трибл заврши со 16 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА