Чаирчанки го добија првиот меч против португалска Колехио де Гаја

Ракометарките на Чаир славеа на домашен терен со 25-29 против португалскиот Колехио де Гаја во првиот натпревар од двомечот во 1/16 финалето во третото по ранг европско натпреварување, ЕХФ купот.

Првото полувреме донесе израмнета игра на двете страни во која гостинските ракометарки беа за нијанса подобри, па по триесет минути игра имаа предност од 16-15. Нашите ракометарки заиграа далеку подобро во вториот дел, успеаја да направат целосен пресврт и да стигнат до триумф од 25-29. Теодора Гулицоска со 13 гола беше прво име во нашиот табор, додека кај Португалките Сабино и Родригез постигнаа по седум гола.

Реваншот ќе се одигра утре исто така во спортската сала во скопската населба Автокоманда.

Се вчитува...