Италијанскиот калчолигаш Милан продолжува со реновирање на тимот во пресрет на новата сезона. Најновото засилување треба да биде турскиот интернационалец Хакан Чалханоглу, офанзивниот играч за врска на бундеслигашот Баер Леверкузен. Според информациите од Италија, Милан ги договорил сите детали за неговиот ангажман, фудбалерот веќе се појави на „Сан Сиро“ и утре треба да ги мине медицинските прегледи, пред да потпише договор со „росонерите“.
Милан за Чалханоглу ќе плати сума од 20 милиони евра, плус дополнителни бонуси што би ги добил Баер Леверкузен, во зависност од успесите што овој фудбалер би ги остварил со тимот од Милано.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА