Чалханоглу е веќе минато, Интер ја бира замената

Интер и Хакан Чалханоглу наскоро ќе се разделат, откако се скарани поради желбата на Турчинот да замине во Галатасарај. Страстите дополнително зовреа и после поразот и елиминацијата на европскиот вицепрвак од Светското клупско првенство, па така капитенот Лаутаро го прозва Чалханоглу, по што овој му врати.

Италијанските медиуми пишуваат дека спортскиот директор Бепе Марота веќе подготвува потенцијална замена за Чалханоглу, кој е веќе „минато“.

„Метите“ на Интер наводно се Едерсон од Аталанта, Николо Ровела од Лација, и Мортен Хјулманд од Спортинг.

Сите тројца одамна се на цена на трансфер пазарот, и се чини дека кај секој од нив дојде моментот за скалило погоре. Едерсон беше на мета и на Манчестер Јунјатед, како и за Хјулманд, но засега нема ништо конкретно.

Ровела и претходно се поврзуваше со трансфер во Интер, и сега Марота се чини ќе ги забрза преговорите штом официјално ќе се реши статусот на Чалханоглу.

Се вчитува...