Чалханоглу: Ме бараше Баерн, но сакам да се пензионирам во Интер

Фудбалерот на Интер, Хакан Чалханоглу истакна дека ја одбил понудата од Баерн Минхен изминатото лето, само да остане во Интер, каде што сакал да се пензионира.

Чалханоглу во Бундеслигата играше за Хамбургер и за Баер Леверкузен, пред да се пресели во Милано, најпрво како играч на Милан, а потоа ги шокираше навивачите со трансфер во лутиот градски ривал Интер.

„Баерн ме сакаше изминатото лето. Зборував со мојот агент и му реков дека Интер е единствениот тим во кој сакам да играм. Го сакам овој клуб, и сакам да се пензионирам тука, да ја комплетирам кариерата во дресот на Интер“, рече Чалханоглу.

Се вчитува...