Чалханоглу: Не сакам да сум арогантен, аме не ми е грижа за критиките – јас сум кандидат за Златна топка!

Турскиот репрезентативец и фудбалер на Интер, Хакан Чалханоглу се најде во избрано друштво меѓу 30 кандидати за освојување на „Златната топка“.

Поради тоа не се согласува со критиките упатени на негова адреса поради лошата форма во која игра.

„Секогаш има критики на моја сметка, но не се оптоварувам многу со нив. Не сакам да звучам арогантно, но по 21 година еден турски играч се врати на листата за Златната топка. И горд сум на тоа“ – вели Чалханоглу.

Тој веќе осум сезони игра со успех во Серија А, прво играше за Милан а потоа се пресели во Интер, со кого минатата сезона ја освои титулата во италијанскиот шампионат. На почетокот од кариерата играше за Карлсруе, Хамбургер и Баер Леверкузен. За Турција има 92 настапи и 19 постигнати гола.

Се вчитува...