Хакан Чалханоглу беше „лузер на сезоната“ во Калчо-лигата, откако минатото лето се пресели од Милан во Интер, а неговиот поранешен клуб успеа да стигне до скудетото, токму пред новиот клуб на турскиот репрезентативец.
Дел од екс-соиграчите веднаш го „пецнаа“ Чалханоглу по освоеното скудето, но никој не очекуваше дека Турчинот ќе влезе во отворен конфликт со Златан Ибрахимовиќ, јавно критикувајќи го односот на шведската фудбалска суперѕвезда.
„Видете го Златан, има 40 години, а видете го како се однесува. Па тој треба да разбере дека нема веќе 18 години како некогаш. Јасно е, секогаш сака да биде во центарот на вниманието, погледнете што се случи сезонава, Милан стана шампион, тој најмногу од сите зборуваше, а со ништо не придонесе за титулата“, истакна Чалханоглу.
Нема сомнеж, наскоро ќе дојде и одговор од Ибрахимовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА