Чаневски и Трајковски се корона-џокерите на Македонија, двајца голмани отпаднаа поради Covid-19

ЕКИПА во Дебрецин,

Стеван Цаневски

Македонската ракометна репрезентација попладнево патува со чартер-лет за Дебрецин, но подготовките беа нарушени со вчерашните корона-тестови, откако пет членови на националниот тим добија позитивни резултати.

Најмногу „настрада“ голманската позиција, каде на објавениот список на селекторот ги нема првиот чувар на мрежата,  Никола Митревски, како и младиот Марко Кизиќ.

Во таква ситуација, дополнително повикани се Градимир Чаневски и Благојче Трајковски, кои денеска беа тестирани пред патот за Дебрецин. Во ваква ситуација се очекува прв голман на ЕП 2022 да биде Мартин Томовски од Вардар, додека Чаневски и Трајковски ќе бидат „џокери“ од клупата на селекторот Лазаров.

Чаневски минатата сезона имаше одлични настапи во дресот на Еурофарм Пелистер, по што летово се пресели во Бутел, тим каде што е еден од најзаслужните резултати во првиот дел од сезоната. Трајковски минатото лето пристигна во вториот тим на Еурофарм Пелистер и со своето искуство помогна битолчани да остварат низа одлични резултати, меѓу нив и историскиот триумф во Битола над Вардар.

Се вчитува...