Македонскиот ракометен голман Градимир Чаневски ќе ја продолжи кариерата во израелскиот Макаби Ришон Ле Зион. Досегашниот ракометар на Бутел почнува интернационална кариера во израелскиот шампионат.
Тој со тимот на Макаби потпиша договор до 2024 година. 34-годишникот покрај за Бутел во македонскиот шампионат беше дел и од Металург, Вардар, Вардар јуниор и Еурофарм Пелистер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

