Македонскиот ракометен интернационалец Градимир Чаневски продолжува со одличните партии во дресот на својот Макаби Ришон во израелскиот шампионат.
Макаби Ришон на домашен терен славеше против Аса Тел Авив со 31-25, а еден од најзаслужните за оваа победа беше токму македонскиот голман. Чаневски имаше неверојатни 20 одбрани и тоа со педесет отсто успешност.
За Чаневски и Макаби Ришон Ле Зион до крајот на есенскиот дел од сезоната останува уште средбата против Макаби Тел Авив која на програмата е на 27. декември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА