Ракометарите на Охрид одлично ја стартуваа сезонава, досега имаат само еден пораз во Супер-лигата (на гостувањето против шампионот Е. Пелистер), па тимот на Стевче Алушовски во одлична атмофера го дочекува премиерниот европски дуел оваа сезона.
„Сино-белите“ в сабота со почеток во 19 часот ќе го пречекаат романскиот претставник Потаиса Турда, а голманот Градимир Чаневски фаворитската улога им ја препушта на гостите. Без оглед на се, искусниот чувар на мрежата верува дека Охрид може да ги замрси сметките на Романците, со помош од трибините во салата „Билјанини Извори“.
„Се среќаваме со еден од фаворитите за освојување на овој Куп. Тие имаат одлична екипа, исполнета со многу репрезентативци на Романија, Грузија и други земји. Ние имаме квалитет да одиграме добар натпревар и сакаме да приредиме вистински празник за охридската публика. Сите ја посакуваме победата и се надевам дека ќе оствариме добар резултат во пресрет на реваншот“, изјави Чаневски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА