Чаневски успешно опериран, се враќа следната сезона

Голманот на Еурофарм Работник, Градимир Чаневски, беше успешно опериран во Скопје. Чаневски пред неполн месец, на суперлигашкиот натпревар со Пролет ги скина лигаментите на десниото колено и мораше да биде подложен на оперативен зафат за санирање на повредата.

Вообичаено за ваков тип на повреда, Чаневски го очекува неколкумесечна пауза, а на терен се очекува да се врати на почетокот на следната сезона.

canevski

Се вчитува...