Чантурија не мрда од Македонија – од Металург во Прилеп

Реваз Чантурија ќе ја продолжи авантурата во мак-ракометот откако по заминувањето од Металург реши да потпише едногодишен договор со тимот на Прилеп.

Грузиецот кој поседува и македонски пасош доби понуди од неколку тимови во нашата држава, но на крајот ја прифати понудата на прилепчани, кои во новата сезона ќе бидат предводени од Горан Кузманоски. Чантурија во кариерата настапуваше и за Вардар Про, Пелистер, Макс Струмица и Струга, а сега Прилеп ќе биде најнова дестинација на искусниот крилен ракометар.

Тој е второто засилување на прилепчани, кои претходно го ангажираа и грузискиот голман Зураб Цинцадзе.

Се вчитува...