Чантурија останува верен на Прилеп

Грузискиот интернационалец, Реваз Чантурија го продолжи договорот со македонскиот суперлигаш Прилеп. За 38-годишното крило ова ќе биде втора сезона во Прилеп, а претходно настапуваше и за Металург, Струга, Вардар, Струмица и Пелистер.

„Чантурија останува верен на Прилеп! Капитенот а воедно и најискусниот ракометар во составот на Прилеп и на триесет и осум годишна возраст ќе тресе мрежи во Суперлигата и наредната сезона во дресот на Прилеп. Популарниот Резо е еден од најзаслужните што Прилеп избори опстанок во елитното друштво и со тоа без никакво размислување постигнат е договор со раководството на клубот за продолжување на соработката со најдобриот стрелец на Прилеп изминатата сезона“, стои во соопштението од клубот. 

 

Се вчитува...