Хуан Квадрадо и на 37-годишна возраст не размислува за пензија, но искусниот Колумбиец нема намера да замине од Серија А, лигата во која настапува уште од пред 16 години кога го облече дресот на Удинезе.
Квадрадо стана слободен играч по истекот на договорот со Аталанта, се најавуваше дека тој би можел да се врати во родната Колумбија за таму да ја заврши кариерата, но офанзивниот бек избра нов италијански клуб, и тоа новиот прволигаш Пиза со кого потпиша едногодишен договор.
Тренер на Пиза е легендарниот напаѓач Алберто Џилардино, кој инсистираше на засилување со богато прволигашко искуство, по што управата успеа да најде заеднички јазик и да го потпише Колумбиецот.
Квадрадо во својата кариера има 395 натпревари во Серија А, притоа постигнувајќи 43 гола и 69 асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

