Чао Европо: По 17 години Фернандињо се враќа во Бразил

Одличниот фудбалер и голем борец на Манчестер Сити, Фернандо Луиз Роза или попознат како Фернандињо ја завршува својата приказна во Европа и се враќа во Бразил. Играчот за врска скоро две децении настапуваше на стариот континент (17-години во Шахтјор Доњецк и Манчестер Сити), но сега ќе направи прави кам-бек во својата татковина.

Фернандињо во Бразил же игра во составот во кој ја започна кариерата, Атлетико Параненсе. Според информациите 37-годишниот фудбалер веќе подал рака и ќе потпише договор до 2024 година што значи дека овде и ќе ја заврши кариерата.

Во Сити и Шахтјот Бразилецот освои дури 26 клупски трофеи.

Се вчитува...