Бразилскиот клуб Чапекоенсе, кој пред две години во авионска несреќа остана без поголемиот дел од тимот, синоќа на несреќен начин ја загуби титулата во регионалното првенство. Во финалето кое се играше во Санта Катерина, Чапекоенсе загуби од Авалија по изведување на пенали, иако имаше водство до 15 минути пред крајот на натпреварот.
Пеналите ги одбележа ударот на Бруно Пачека кој заврши зад грбот на голманот на Авалија, но по прегледување на ситуацијата со помош на ВАР – технологијата, судијата одлучи да не го признае голот, бидејќи топката не ја поминала гол – линијата.
„Сакаме да нагласиме дека не го признаваме конечниот резултат. Ќе поднесеме жалба и ќе бараме да се поништи натпреварот. Поради кражбата, судијата мора да добие суспензија од 6 до 12 месеци. Нема да го премолчиме тоа“, истакнаа од Чапекоенсе.
Em SC, Avaí venceu o campeonato pelo VAR. A bola entrou. VAR disse que não. pic.twitter.com/4cOr2oyeeS
— DiogoGustavo ™ (@aziadaChape) April 21, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА