Чапекоенсе ја одби понудата да не испаѓа од лигата

Бразилскиот фудбалски клуб Чапекоенсе кој го загуби речиси целиот тим во авионската несреќа. Го одби предлогот во наредните три сезони да има имунитет и да не испаѓа од бразилската Сеија А.

Од Чапекоенсе најавија дека ќе донесат 20 нови фудбалери, откако опстанаа без 19 играчи и членови на стручниот штаб по падот на авионот на пат Меделина на првиот натпревар од финалето во Купот на Ј.Америка против Атлетико Насионал

„Ќе се потпираме  на многу играчи со позајмица. Сакаме да донесеме квалитетни играчи, да бидеме брзи и економични. Многу клубови сакаат да ни помогнат“ – изјави директорот на клубот, Руи Коста.

Падот на авионот го преживеаја Нето и Алан Рушел и тренерот Коста нив ги очекува во составот за новата  сезона, додека голманот

Чепекоенсе во новата сезона стартува на 28 јануари со натпреварот против Жоинил на домашен терен.

Се вчитува...