Часови по глума на Барселона: Што ли досуди судија!? (ВИДЕО)

Барселона води со 1-0 по првото полувреме на гостувањето кај Рајо Валекано благодарение на голот на Лемин Јамал од белата точка во 40. минута.

Младиот Шпанец изнуди пенал кој потоа и го реализираше за каталонско водство во Мадрид, но самото досудување на обид од белата точка наиде на остри критики на социјалните мрежи каде многумина сметаат дека ова е за чиста десетка доколку е час по глума.

Се вчитува...