Барселона е на добар пат да се пласира во полуфиналето од Лигата на Шампионите откако по првиот натпреварот против ПСЖ одигран во главниот град на Франција стекна предност од 3-2.
Каталонците на „Монжуик“ бранат позитива од еден гол, а тренерот Чави вели дека во вакви натпревари енергијата која ја даваат навивачите може и да биде пресудна за пласман во следната фаза.
„Играме на домашен терен и „Монжуик“ мора да не потсети на најдобрите денови на „Камп Ноу“. Мораме да покажеме огромен карактер за пласман во полуфиналето. Не очекува исклучително тежок натпревар. ПСЖ ќе биде храбар, но ние ќе имам предност бидејќи играме пред нашите навивачи“, изјави Чави кој се осврна и кон клучниот дел од играта.
„Ми се допаѓаат Педри и Гундоган. Замислувам како двајцата даваа последно додавање, тоа е нивниот квалитет. Утрешниот натпревар ќе биде тежок за играчите од средината на теренот. Ако Гундоган и Педрри добијат доволно простор и време и ние ќе добиеме многу од тоа. Сите играчи мораат да одиграа концентрирано сите 90 минути. Отсуството на Кристенсен и Серџи ни се осетлива тема па утре ќе мора да бидеме тим. Мора да го оставиме срцето и душата на терен за да се пласираме во полуфиналето. Ако играме како тим имаме шанси да успееме“, изјави Чави.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА