Поранешниот фудбалер на Барселона и една од легендите на каталонскиот фудбалски клуб, Чави Хернандез смета дека Барса заспала додека големиот ривал, Реал Мадрид, ја освојувал Европа.
Кралскиот клуб со триумфот над Ливерпул во финалето во Киев ја освои третата последовна, а вкупно 13-та континентална круна. Барселона пак елитното натпреварување го заврши уште во четвртфиналето. Каталонците ја освоија титулата во Примера и го освоија Купот, но според Чави тоа не е доволно.
„Реал има победнички ген додека Барселона е заспана. Повеќе години доминираа со носењето квалитетни играчи и сега наплаќаат од тоа. Ми делува како Барселона да дреме додека некој друг ја освојува Европа“ – смета Чави кој потенцира и дека Реал имал и многу среќа.
Тој смета дека на мадридскиот состав му се отворале вратите со тоа што главните играчи на екипите со кои што играле се повредувале токму пред меѓусебните пресметки.
„И во финалето, главниот играч на Ливерпул беше повреден, а во прилог им одеа и голманските грешки“ – вели Чави.
Чави Хернандез играчки се формираше во школата на Барселона, за првиот одигра 505 натпревари во периодот од 1998 до 2015 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА