Иако ПСЖ во првиот четвртфинален натпревар во ЛШ загуби од Барселона на домашен терен со 3-2, по вчерашната победа од 4-1, го елиминираше каталонскиот тим и се пласираше во полуфиналето каде што го чека дуел против Борусија Дортмунд.
Барселона одлично го отвори натпреварот со гол на Рафиња, но потоа следуваше црвениот картон на Араухо кој го смени текот на натпреварот, а ПСЖ направи голем пресврт. Во текот на вториот дел и тренерот Чави беше исклучен, а после натпреварот стратегот сметаше дека судијата го уништил натпреварот и е главниот виновник за елиминацијата на Барселона.
„Барселона ќе се обиде повторно. Одигравме многу добра сезона. Тешко е да се игра со 10 играчи против ПСЖ. Штета што работата ни заврши само поради една одлука. Сакав да играм со Енрике 11 на 11. Додека бевме рамноправни, натпреварот бешпе сосема поинаков. Бевме одлични. Му реков на судијата дека одлуката да го исклучи Араухо е лоша. Му реков дека не ја разбира играта. Дека тоа беше катастрофа. Не би сакал да зборувам многу за судиите, но таа одлука го реши победникот. Елиминирани сме поради таа одлука“, рече Чави.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА