Чави бесен: Па ова не е Барса од 2010 година… не може да се победува ако не се трча

Барселона многу потешко од очекувањата стигна до триумф „фенерџијата“ Алмерија од 3-2, а тренерот Чави јасно стави до знаење дека воопшто не е задоволен од она што го виде од својот тим на синоќешниот дуел.

Младиот стратег беше бесен поради недоволното залагање на своите избраници, пред се во првото полувреме во кое Барса беше далеку под посакуваното ниво.

„Не можам да прифатам дека игравме на онаков начин во првото полувреме, таква неангажираност… тоа е моја вина и ветувам дека нема никогаш повеќе да се повтори. Сакам да видам страст, сакам да видам борба на терен, а ние не бевме агресивни. Па ова не е Барса од 2010 година… не може да се победува ако не се трча. Не може да освојувате трофеи ако не се борите за секоја топка. Веќе на сите им е јасно, овој тим го нема истиот дух од ланската екипа. Лани овој меч ќе го добиевме на рутина со 2-0 или со 3-0 уште на полувреме, а сега се доведовме во ситуација да се плашиме до самиот крај. Слушнав и свирежи од трибините, секако дека никогаш не ми се допаѓале, но ги разбирам луѓето, имаат право бидејќи очекуваат многу повеќе од нас“, изјави Чави.

Се вчитува...