Чави: Би останал во Барселона до крајот на животот

Тренерот на Барселона, Чави Хернандез пред дуелот со Реал Сосиедад кажа дека сезоната за Каталонците е успешна, и дека сака да остане во тимот до крајот на животот.

Чави рече дека со тимот успеале да постигнат нешто извонредно и дека трофејот ќе се слави низ цела Барселона, меѓутоа не е задоволен од тоа што тимот испадна од Купот и од европските натпреварувања.

„Би дал на тимот оцена „многу добра“. Не ги исполнивме сите очекувања. Се натпреварувавме многу добро во Суперкупот и во првенството, но не бевме добри во Европа и во Купот. За мојот договор имам уште една сезона. Би работел во овој клуб до крајот на животот, но се зависи од резултатите. Оваа сезона ми дава самодоверба дека можеме да дојдеме до многу трофеи. Имам многу ентузијазам, но ќе видиме. Работата ми зависи од резултатите“, напомена Чави.

Се вчитува...