Барселона тешко дојде до бодовите против Алмерија победувајќи со 3-2, по очајно одиграно прво полувреме кое донела сериозна нервоза во соблекувалната на каталонскиот тим за време на паузата.
Како што пренесува „Мундо Депортиво“, тренерот на Барса, Чави Ернандез влетал во соблекувалната на тимот расфрлајќи се околу себе и со жесток говор насочен кон фудбалерите.
„Невозможно, невозможно, ова е невозможно…“ – урликал Чали при влегувањето во соблекувалната, најмногу брутално насочувајќи се кон Роберт Левандовски.
„Трчате како свињи по терен“ – реагирал Чави.
„Мундо“ пишува дека „Чави „пцуел против се околу себе, шутирајќи се што ќе се најде пред него. Неговиот бес бил насочен и кон облеката која ја носел на себе, а ја искршил и таблата за цртање на акциите на терен“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

