Не помина ниту недела дена откако Чави беше приморен да ја напушти клупата на Барселона, а веќе доби повеќе понуди за нов ангажман. За неговите услуги интерес покажаа Ајакс, Милан и Манчестер Јунајтед, но и една изненадувачка репрезентација.
Станува збор за Јужна Кореја која сака да го има шпанскиот стратег за селектор. Сепак оваа интересна понуда била експресно одбиена од страна на каталонската легенда.
Причина за тоа е посакуваниот одмор од една сезона, откриваат шпанските медиуми. Чави по тешкиот период во Барселона сака добро да се одмори па да продолжи со клупските ангажмани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

