Тимот на Барселона денеска ги почна подготовките за новата сезона, а веднаш уште на стартот тренерот Чави се одлучи да направи длабок „рез“.
Според информациите, Чави им соопштил на шестмина играчи да не се појавуваат на подготовките, и дека на нив нема да се смета во иднина. Станува збор за Рики Пуич, голманот Нето, потоа Оскар Мингуеза, Клемен Ленгле, Самуел Умтити и Муса Ваге.
За потсетување дека токму поради Нето пропадна можноста Столе Димитриевски да замине во Барселона. Тој во едно интервју пред неколку месеци истакна дека бил блиску до Барселона, но дека Нето одбил да замине од клубот, па затоа пропаднала можноста да го облече дресот на каталонскиот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

