Чави и Маскерано најсериозни кандидати за нов тренер на Интер Мајами

Чави Ернандез и Хавиер Маскерано се најсериозните кандидат за нов тренер на Интер Мајами, по заминувањето на аргентинскиот тренер Херардо Мартино од кормилото на клубот.

Прва варијанта е Чави, иако во конкуренција, според најавите, се и Маскрано и Јоаким Лев.

Согласно последните информации, екипата од МЛС-лигата ќе се потруди да ангажира уште еден поранешен член на Барселона, откако претходно договори неколку фудбалери како Луис Суарез, Жорди Алба, Серхио Бускетс и Лионел Меси.

Се вчитува...