Чави ја почна тренерската кариера (ФОТО)

Легендарниот шпански фудбалер Чави отвори ново поглавје во животот стартувајќи со тренерска кариера. Тој го имаше дебито на клупата на катарскиот тим Ал Сад и ремизираше (1-1) против Паламос на првиот пријателски натпревар.

„Сега е сосема поинаку. На теренот размислуваш како да одиграш најдобро и да го надмудриш противникот. Но, сега можеш да ги согледаш сите грешки и искуството да им го пренесеш на младите фудбалери“, изјави Чави.

Се вчитува...