Чави ќе добие отказ – еден тренер е во преден план за преселба на клупата на Барселона

Барселона влезе во резултатска криза, а се поголеми се сомнежите дека Чави Хернандез е тренерот што ќе успее да го извлече каталонскиот гигант од овој тежок период. Ремито со Интер и непласманот во осминафиналето од ЛШ ќе значи и сериозна финансиска загуба, додека поразот на последното „Ел Класико“ исфрли на површина бројни проблеми во играта во одбрана на каталонците.

Жоан Лапорта во јавноста му дава поддршка на Чави, но претседателот на Барселона е свесен за бројките – кои јасно покажуваат дека поранешниот капитен е тренерот со најслаб ефект на чело на Барса во последните десет години. Поради ова, Лапорта веќе почна да ги разгледува опциите за нов тренер, а на врвот на неговата листа со желби се наоѓа едно име – Луис Енрике. Овој стратег веќе седеше на клупата на Барселона од 2014 до 2017 година, освојувајќи два трофеи во Ла Лига, еден во ЛШ и три во Копа дел реј.

Енрике моментно е селектор на Шпанија, но каталонците се убедени дека по завршувањето на СП во Катар тој би можел да се повлече од функцијата и да се врати назад на „Камп Ноу“. Токму под водство на Енрике во националниот тим блескаат младите Педри и Гави, како и Феран Торес и Ерик Гарсија, што го прави овој стручњак идеален за наследник на Чави на „Камп Ноу“.

Токму поради ова, Лапорта е подготвен да почека уште еден месец, за потоа непосредно по завршувањето на мундијалот да повлече конкретен потег и да тргне во целосна офанзива по Луис Енрике, стратегот што според него може да ја врати Барса на врвот на шпанскиот и на европскиот фудбал.

Се вчитува...